Ford, Ken Block и тјунерот Fifteen52 го претставија заедничкиот проект Ford Focus TrackSTer на овонеделниот саем во Чикаго.
Проектот е базиран на 2013 Ford Focus ST од кого се разликува преку повеќето естетски модификации и подобрувања на перформансите. Визуелно, Trackster има поагресивен изглед благодарение на редизајнираниот преден браник, вентилирачката хауба, задниот браник и спојлер, додатоци на крилата и рели тркала.
Измените во внатрешноста се состојат од тркачки волан и алуминиумски тркачки педали, додека перформансите се подобрени со вградување на Ford Racing издувен систем, надоградени внатрешни компоненти на моторот, тркачки интеркулер, ламела и сопирачки, диференцијал со ограничено пролизгување и репрограмирана контролна единица.