Официјални фотографии од новиот Lexus IS! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјални фотографии од новиот Lexus IS!

Откако вчера „протекоа“ фотографии од новата генерација Lexus IS, луксузниот огранок на Toyota денес и официјално ги објави деталите околу новиот луксузен седан.

Веќе знаеме дека новиот IS наликува на LF-CC концептот кој се појави минатата година, иако тој концепт најави и купе со две врати кое се очекува во иднина.

Toyota најавува дека благодарение на подолгото меѓуоскино растојание и потенките седишта, на задната клупа сега има повеќе простор – а токму тоа е една од забелешките кои купувачите ги имаа за моделот кој е во заминување.

Возилото кое го гледаме на фотографиите е во F Sport изведба, а тоа значи дека има поагресивна маска на ладилникот, спортски браници, поголеми тркала, спортски седишта, детали во кабината и спортски управувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.