Први фотографии од Bentley Continental GTC Speed – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од Bentley Continental GTC Speed

Се појавија првите фотографии од 2013 Bentley Continental GTC Speed пред неговото јавно дебитирање, најверојатно на Северно Американскиот Интернационален Автомобилски Саем.

Моделот е веднаш препознатлив, бидејќи е кабриолет верзија идентична на купе моделот. Исто како него, кабриолетот  е погонуван од голем 6.0-литарски W12 твин-турбо агрегат кој развива 625 кс при 6,000 вртежи и максимален вртежен момент од 800 Nm достапен помеѓу 2,000 и 5,000 вртежи во минута.

Ќе биде поврзан со осум-степен автоматски менувач и систем за погон на сите тркала кој ќе му овозможи на моделот да забрзува од 0-100 км/ч за околу 4.2 секунди и да достигне максимална брзина од 322 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.