Audi RS6 Avant – 560 коњски сили и агресивен, спортски дизајн! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi RS6 Avant – 560 коњски сили и агресивен, спортски дизајн!

Денес ги имаме првите официјални фотографии на Audi RS6 Avant, како и првите детали околу 4-литарскиот Twin-Turbo кој ќе нуди 560 коњски сили!

На прв поглед, новиот RS6 Avant зрачи со агресивност! Дефинитивно токму тоа го очекуваме од секој модел од Audi RS фамилијата. Сега кај RS6 Avant е изразен новиот агресивен пакет кој вклучува измена на предниот браник, странични прагови и голем заден дифузер. Напред преовладуваат агресивните предни LED светла, додека позади може да го забележиме новиот издувен систем.

Внатрешноста е типична за Германците – спортски наклонета, додека се е на своето место. Тука се спортските седишта, алуминиумските педатли, „piano black“ финишот како и неколку детали од јаглеродни влакна.

Но, сето тоа и не е толку важно – важно е што се крие под поклопецот! А таму не пречекува новиот twin-turbo 4.0 литарски V8 TFSI мотор кој испорачува 560 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Овој мотор го заменува „стариот“ 5.0 литарски V10 кој иако имаше моќност од 572 КС, не е побрз од новиот! Сега, RS6 Avant забрзува до 100 km/h за само 3.9 секунди, додека минатиот модел тоа го правеше за 4.6 секунди. Максималната брзина изнесува импресивни 305 кm/h. Осум степениот автоматски менувач ја пренесува целата моќ на сите четири тркала благодарение на Quattro системот.

Сега останува непознато само кога Audi ќе одлучи да го претстави овој ѕвер, дали наредниот месец во Детроит или пак ќе не остави во искушение до саемот во Женева во Март идната година.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.