Дани Сордо се враќа во Citroen WRC! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дани Сордо се враќа во Citroen WRC!

Дани Сордо, возачот кој до предминатата година му беше колега на Себастиан Леб, по кратката екскурзија во MINI WRC тимот, повторно се враќа во Citroen WRC!

Младиот Шпанец досега има покажано одлични резултати. Има учевствувано во вкупно 98 рели настани, од кои 32 ги има завршено со место на подиумот. Тимот изјави дека внимателно ја разгледале листата на возачи од која треба да изберат возач кој ќе вози покрај Мико Хирвонен следната година, и дека Дани бил високо рангиран на таа листа.  Според нив, Дани е почитуван и сакан во тимот, и дека на големо задоволство на сите тој се враќа во „фамилијата“.

Дани исто така задоволно изјави дека е среќен што се враќа во тим во кој има толку многу убави сеќавања, и дека Citroen WRC бил неговиот избор број еден за 2013-тата година. Тој сеуште ја очекува својата прва победа во WRC категоријата, и е одлучен да ја обезбеди следната сезона.

Следната година Дани Сордо ќе седне зад воланот на Citroen DS3 WRC, автомобил кој нанижа многу успеси во Светскиот Рели Шампионат, но и кој реди успеси и надвор од тркачките патеки – имено, неодамна Citroen DS3 се закити со наградата за најдобро импортирано возило според возачите на Германскиот Auto Zeitung, но и наградата за најдобар автомобил во својата класа според L’Automobile од Франција. Победата во Германија е од особена важност за интернационалните амбиции на брендот, особено во премиум сегментот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.