Porsche наскоро ќе го претстави новиот Cayman? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche наскоро ќе го претстави новиот Cayman?

Porsche изјави дека својот најнов модел ќе го претстави на саемот во Los Angeles, а единствениот новитет кој го очекуваме од Porsche е новиот Cayman.

Иако засега сеуште ништо не е познато за новиот Cayman, најверојатно дизајнот ќе биде инспириран од сегашниот Porsche Boxster.

Што се однесува до моторите, исто така најверојатно ќе бидат преземени од овој модел. Со други зборови, Cayman ќе биде понуден со “малиот” 2.7 литарски мотор кој развива 261 КС, а подоцна се очекува и S верзијата на Cayman која ќе го носи 3.4 литарскиот мотор со 311 КС.

Porsche истакна дека официјални детали и фотографии за новиот модел ќе бидат објавени на 28 Ноември, а тоа значи дека нам ни останува уште малку да почекаме.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.