Целта на TechArt била да го истакнат спортскиот карактер на веќе привлечниот Porsche Boxster со користење на дискретни визуелни измени. Ние мислиме дека успеале во тоа!
TechArt му посветиле внимание на најмалото Porsche – и веднаш ги приметуваме визуелните измени. Предниот и задниот браник се изменети и поагресивни, автомобилот е спуштен 30 милиметри напред и 20 милиметри назад и сега „носи“ нови 21-инчни тркала. Покрај тоа, се нуди и специјален издувен систем кој овозможува подобар звук, но и преработена внатрешност, која по желба на купувачот може да биде со детали од јаглеродни влакна и да биде целосно обвиена во кожа.
Повеќе информации ќе имаме следниот месец, кога ќе се одржи Essen Tuning Show во Германија.