Mazda претстави три CX-5 кросовери на автомобилскиот саем за тјунинг возила SEMA 2012.
Првиот,CX-5 Dempsey е елегантно, спортски и модерно уреден, со специјална боја, држач за велосипед и багажен куфер Thule Atlantis монтиран на покривот. Останатите измени содржат седишта од перфорирана кожа и 20-инчни алуминиумски фелни обоени во црн хром.
CX-5 180 е обоен во сина боја покриена со топографска мапа од езерото Big Bear и Point Dume кои се наоѓаат во јужниот дел на Калифорнија. Тука се и мат црвени детали, кровен багажник и 20-инчни алуминиумски фелни обвиени во Goodyear Eagle F1 пневматици. Ентериерот е изработен во aqua сина боја со контрастни бели детали на воланот, тапацирите од вратите и седиштата.
Последниот, CX-5 Urban има мулти-димензионална завршница на екстериерот, пошироки додатоци на крилата и мат црни 22-инчни Ace Alloy Scorpio фелни со Nitto NT420 пневматици.