Според најновите информации, Subaru подготвува турбополнета верзија од нивното спортско купе со заден погон – BRZ.
Инженерите на Subaru започнале да развиваат турбополнета верзија со директно вбризгување на нивниот хоризонтално позициониран, 2.0-литарски четири-цилиндричен боксер агрегат. Оваа погонска единица ќе добие еден, twin-scroll турбополнач и нова технологија на дирекно вбризгување, наместо системот развиен од Toyota, кој се користи во Toyota GT86, Subaru BRZ и Scion FR-S.
Овие промени ќе ја зголемат силата на 2.0-литарскиот агрегат од 200кс на околу 280кс, а на максималниот вртежен момент од 205 Nm на околу 339 Nm. Истиот извор вели дека BRZ Turbo ќе дебитира наредната година. Нема информации дали GT86 и FR-S исто така ќе ја добијат оваа опција.