Volkswagen планира да создаде нов нискобуџетен бренд? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen планира да создаде нов нискобуџетен бренд?

Volkswagen групацијата за кратко време ќе го објави основањето на нов нискобуџетен бренд кој ќе проба да и земе дел од продажбите на Dacia.

На Германскиот концерн би му користел уште еден нов нискобуџетен бренд за да ја зголеми продажбата на Азиските, Индиските и Латино Американските пазари, а исто така да го прошири учеството во Источна Европа, Балтичкиот регион и Африка.

Новиот бренд би користел модели развиени за Кинескиот пазар, вклучувајќи ја претстојната замена за Santana, како база за неговата гама. Замената на Santana е базирана на ефтина платформа со преден погон слична на онаа кај Skoda Rapid и Seat Toledo.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.