G-Power ја претстави најбрзата BMW Серија 1 во светот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

G-Power ја претстави најбрзата BMW Серија 1 во светот

G-Power претстави чудовиште со 600 кс наречено G1 V8 Hurricane RS.

Направен за третиот роденден на компанијата, моделот е опишан како најбрзата Серија 1 во светот. Автомобилот располага со хауба и багажник направени од јаглеродни влакна, како и 20-инчни алуминиумски тркала. Тука се исто така нов спортски издувен систем, карбонски керамички сопирачки и спортска суспензија.

Под поклопецот, стандардниот 3.0-литарски шест-цилиндарски твин турбо агрегат е заменет со 4.0-литарскиот V8 агрегат од М3 засилен со компресор на 600 кс и 580 Nm вртежен момент. Усогласен со менувач со дупла спојка му овозможува на моделот забрзување од 0-100 км/ч за 4.4 секунди, 0-200 км/ч за 12.7 секунди и максимална брзина над 330 км/ч.

Овој проект може да се додаде во листата на кршачи на рекорди на G-Power. Тие претходно го содадоа најбрзиот седан во светот, M5 Hurricane RR, најбрзиот автомобил на автогас, M5 Hurricane GS, најбрзиот караван во светот, M5 Hurricane RS Touring и најбрзото купе со четири седишта во светот, M6 Hurricane RR. СегаG1 V8 Hurricane RS се придружува во гамата.

Пакетот е ограничен на само 30 примероци и може да се купи по цена од 141,176 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.