Утринска Гимнастика: Shelby Mustang со 1,000 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Shelby Mustang со 1,000 кс

Што да направите кога имате Shelby Mustang со близу 1000 кс, предизвикувачки отворен пустински пат и неколку камери? Се спротивставувате на законите на физиката во секоја можна насока!

Ова е токму тоа што го направил производителот на часовници David Yurman со неговата Shelby машина со 950 кс. Биснисот со часовници изгледа дека цвета за господин Yurman. Неговиот Selby 1000 располага со импресивен 5.4-литарски V8 агрегат потпомогнат од компресор, произведувајќи 950 кс при 6,450 вртежи и 1015 Nm максимален вртежен момент при 4,500 вртежи во минута.

Иако можеби не е добар обид за рекламирање на неговите часовници, но е одлично видео за да се видат благодетите на Sheby. Нема чад од гуми и странично пролизгување. Само звукот на моторот кој се испреплетува со спектакуларниот пат.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.