full screen background image
Search

Toyota го освежи Verso за Саемот во Париз

Toyota го претстави обновениот Verso, само неколку дена пред неговото јавно дебитирање на Парискиот Автомобилски Саем.

Надворешниот изглед на овој моноволумен со седум седишта е изменет во стилот на новите модели на Toyota, со нова трапезоидна решетка на предниот браник, како и поголем знак и детали од хром. Предните светлосни групи се редизајнирани и сега содржат LED дневни светла. Благо изменет е и профилот на автомобилот, со нови ретровизори на вратите и потемна боја на 17-инчните алуминиумски тркала.

Измените во внатрешноста вклучуваат нова црна боја, нови материјали за седиштата кои сега се со подобрена странична поддршка, хромирани детали и опционален кожен тапацир. Моделот исто така располага со подобар дизајн на А-столбот и подобра изолација на звукот, што значи дека вревата од ветрот во кабината е намалена. Багажниот простор во новиот Verso изнесува 155 литри, додека со преклопени седишта се зголемува на 440 литри.

Постоечкиот 2.0-литарски дизел агрегат е подобрен, со подобар пренос на вртежниот момент при ниски вртежи и намалување на издувните гасови, кои сега се помалку од 130 грами на километар. Исто така ќе биде понуден и 2.2-литарски дизел мотор со 175 кс, усогласен со шест-степен рачен менувач. Ќе биде достапен и автоматски шест-степен менувач, но во верзија намалена на 148 кс. Понудените 1.6 и 1.8-литрени агрегати ќе бидат преземени и неизменети од претходниот модел на Verso.

Тoyota ја зајакна шасијата на новиот модел со цел да ги подобри цврстината и управувањето, додека суспензијата е изменета за да овозможи помирно возење. Електронското серво управување е прилагодено за подобро чувство и да овозможи да се пренесат повеќе повратни информации од патот.

Поврзано:   Во салонот на Toyota пристигна Yaris Cross



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.