Неодамна објавивме дека иднината на GT-R е неизвесна, но според најновите вести наследникот на сегашниот модел е планиран за производство и најверојатно ќе биде лансиран во 2018.
Само пред еден месец беше објавено дека извршниот директор на Nissan, Карлос Гон, не го поддржал развојот на нов GT-R поради слабата профитабилност. Имајќи го во предвид пензионирањето на Казутоши Мизуно, таткото на GT-R, не постоеше причина за оптимизам, но сега работите се изменија.
Иако се планираше втората генерација на GT-R да пристигне во 2015, тоа беше одложено поради отсуството на Казутоши Мизуно. Главниот инженер на Nissan GT-R имаше здравствни проблеми, но неодамна се врати да го води развојниот тим. Тој беше исто така вклучен во неодамнешната Nissan-ова победа во класата на 24 часа Нирбуринг, која послужи како терен за тестирање на следните модели на GT-R.
Се зборува дека хибридниот суперавтомобил на Honda е побрз на стазата Нирбуринг од Nissan-от, па затоа за негов главен конкурент се смета Honda NSX, а неговиот развој тимот на Nissan GT-R го следи со голем интерест. Со цел да се добијат подобри перформанси, не е исклучена ниту можноста следната генерација на GT-R да биде хибридно возило.
Поради тоа што лансирањето на новиот GT-R (R36) ќе биде за шест години од сега, моменталниот модел ќе биде освежен при крајот на следната година. Надоградбите ќе донесат редизајнирани браници и светла, како и засилени погонски единици. Надоградбата ќе ја одбележи шест-годишнината од лансирањето на сегашниот GT-R.