Range Rover Evoque RS250 Vesuvius Copper by A. Kahn Design – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Range Rover Evoque RS250 Vesuvius Copper by A. Kahn Design

По претставувањето на неколку суптилни пакети за Range Rover Evoque, Kahn Design напаѓа со Vesuvius Copper RS250, најрадикалниот боди кит за Британскиот кросовер досега.

Vesuvius Copper Evoque има двобоен екстериер, односно е во портокалова боја во комбинација со црн кров и затемнети црни стакла. Додаден е аеродинамичен боди кит кој се состои од заден и преден браник со дневни LED светла, нова маска и заден кровен спојлер. Наместо фабричкиот, ставен е издувен систем од не’рѓосувачки челик со две црни централно сместени издувни цевки.

Моделот вози на 22-инчни алуминиумски RS600 бандажи, обоени во мат сива боја. Ентериерот е освежен со седишта од перфорирана кожа, Алкантара и Vesuvius copper боја, брзинометар во портокалова боја, централна конзола во Piano Black завршница, како и Vesuvius спортски волан.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.