Новиот кабриолет на Lancia, моделот Flavia всушност е “Италијанска” верзија на Chrysler 200 Convertible.
Најголемиот недостаток на Flavia е ограничената гама на моторои. Во понудата на Европскиот пазар не се наоѓа дизел агрегат со тоа што шансите за солидна продажба на овој модел значително се намалуваат. Но, сепак да не заборавиме се работи за еден натурализиран Американец, па така Flavia го нуди 2,4 литарскиот бензинец со 170КС.
4,9 метри долгиот кабриолет нуди и едно ниво на опременост кое всушсност е она, највисокото – “all inclusive”. Така Flavia е опремена со кожен ентериер, UConnect мултимедијалниот систем со навигација и звучниот систем од Boston Acoustic.
Погледнете ја Lancia Flavia во продолжение и сами одлучете дали се работи за кабриолет кој сите го очекуваа од Lancia.