Novitec Rosso третман за Ferrari FF – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Novitec Rosso третман за Ferrari FF

Novitec Rosso само што го објавија нивниот нов пакет за Ferrari FF, кој е умерен сет од модификации со релативно мало зголемување на перформансите, неколку аеродинамички подобрувања и додатни козметички делови.

Aеродинамичниот пакет од јаглеродни влакна се содржи од нов преден дискретен спојлер, покривен спојлер, заден спојлер, странични прагови и заден дифузер, а исто така додадени се карбонски покрив и предна решетка. Тука се и ултра лесните NF4 бандажи од 21-инч напред и 22-инчи позади со маса од 10 и 13 килограми. Тие се обвиени во Pirelli PZero гуми со високи перформанси во димензии 255/30 ZR21 напред и 315/25 ZR22 назад.

Перформансите на 6.3-литарскиот V12 мотор се зголемени за 42 КС на максимална сила од 702 коњски сили, кои му овозможуваат максимална брзина од 340 км/ч. Засилувањето на моторот е добиено со репрограмирање на софтверот и нов спортски Novitec Rosso издувен систем од не’рѓосувачки челик. За да овозможи подобра стабилност на патот, во пакетот се вклучени и нови спортски пружини.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.