Освежен Chevrolet Cruze – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежен Chevrolet Cruze

Chevrolet одлучи да го подобри Cruze, како визуелно така и со дополнителна опрема и освежување на понудата на моторите.

По претставувањето на караванската верзија на Cruze, Chevrolet одлучи да го освежи Cruze. Освежувањето се однесува како на седан верзијата така и на новата хечбек верзија на популарниот Cruze.

Покрај досегашните бензински мотори (1.6 и 1.8), понудата ќе биде надополнета и со турбо бензинецот од 1.4 литри како и новите дизел мотори со зафатнина од 1.7 и 2.0 литри. Очекувано, сите мотори ќе бидат во согласност со Еуро 5 нормите. Новиот 1.4 турбо бензински мотор во комбинација со 6-степениот менувач, ќе развива 140 КС додека долго очекуваниот 1.7 дизел мотор ќе има 130 КС. Сите мотори ќе бидат опремени и со Start-Stop технологијата со цел намалување на потрошувачката на гориво.

Визуелно може да се забележат некои поситни промени, а најмногу тоа го забележуваме на предната маска и новите светла за магла како и новата позадина на предните светла. Покрај ситните визуелни промени, Chevrolet на Cruze ќе му подари и малце повеќе опрема. Сега Cruze го нуди и новиот MyLink аудио систем, Start-Stop технологијата како и стартување на возилото без клуч.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.