full screen background image
Search

Porsche постави нов рекорд на Nürburgring – 5:19.55 со 919 Hybrid Evo!

Стариот рекорд на Nürburgring беше ненадминат повеќе од 35 години – и денес Porsche постави ново – скоро една минута пократко – време на легендарниот Зелен Пекол!

5 минути, 19 секунди и 55 стотинки. Толку време му беше потребно на 37-годишниот Timo Bernhard да го „заврти“ Nürburgring во Porsche 919 Hybrid Evo. Двократниот победник на Le Mans го собори стариот рекорд од 6 минути, 11 секунди и 13 стотинки кој стоеше непокорен повеќе од 35 години!

Супер-моќниот Porsche 919 Hybrid Evo е доработена верзија на автомобилот со кој германскиот бренд победи на Le Mans во 2015, 2016 и 2017, а истовремено освои три последователни титули во FIA World Endurance шампионатот. Рекордерскиот автомобил има V4 турбо-бензинец кој испорачува 710 коњски сили и електромотор кој испорачува дополнителни 440 коњски сили. Бидејќи се работи за Evo верзија, автомобилот е соодветно „еволуиран“ за да има 53% повеќе поттисна сила и тежината е дополнително намалена за 39 килограми – и тежи само 849 килограми!

Хибридниот погон испорачува вкупно 1160 коњски сили. Сосем доволно за рекорд!

Видео



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.