full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата се зголемуваат за меѓу 1 и 2 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – од вечерва бензините и дизелот поскапуваат!

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 3%.

Тоа значи дека цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за еден денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 63.00 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.5 денари, и еден литар „95-ка“ ќе чини 71.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 73.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.