Сподели! ;)

Македонскиот импортер за возилата на Ford – Ми-Да Гранд Моторс од Скопје – подготви привлечна акција за новото Ford Mondeo, кое можете да го добиете со економичен турбодизел и многу корисна опрема!


Ford Mondeo со дополнителна опрема за промотивна цена наменета за деловните корисници. Ова, накратко, е суштината на новата кампања на Ми-Да Гранд Моторс под слоганот „Исклучително добар автомобил за исклучителни луѓе“. Во понудата на компанијата Ми-Да Гранд Моторс доаѓа лимузината, која беше наградена за Автомобил на Годината и е симбол на статус со исклучителна возна динамика и одлична просторна понуда.

Конкретно – станува збор за Ford Mondeo со Trend ниво на опрема и дополнителен Бизнис Пакет кој вклучува уште многу додатоци: систем за навигација, радио со CD-плеер, 8-инчен дисплеј чувствителен на допир, 8 звучници, SYNC III со Bluetooth и гласовни команди, предни и задни паркинг сензори, 16 инчни алуминиумски фелни со 10 краци и 215/60R16 гуми, електронски загреано ветробранско стакло, USB, AUX влезови, SD Card слот и многу други ситници.

Промотивната цена за 1.5 дизел мотор со 120 коњски сили изнесува 22.490 евра, а возилото е достапно и со 2-литарски турбодизел со 150 коњски сили.

Ние токму деновиве го возиме новото Mondeo со овој пакет на опрема и економичниот 1.5-литарски турбодизел и наскоро ќе ги пренесеме нашите впечатоци. Вие можете да го закажете вашето тест возење и сами да ги осознаете перформансите на овој автомобил: http://ford.mk/Закажете_Тест_Возење/Автомобили.

Извор: PR Ford