KIA Pro_Cee`d GT – Golf GTI и Focus ST добиваат конкуренција? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA Pro_Cee`d GT – Golf GTI и Focus ST добиваат конкуренција?

Во последно време KIA продолжува да изненадува! Веќе ги видовме новиот Cee`d и Sorento и нестрпливо чекаме да се појави и Pro_Cee`d. Но, KIA има уште поголеми амбиции, и ќе се натпреаварува со Golf GTI и Focus ST!

Pro_Cee`d GT ќе биде автомобил кој директно ќе се натпреварува со веќе докажаните Golf GTI и Focus ST! Ова е дефинитивно храбар потег на KIA и навистина сме оптимисти во кога станува збор за Pro_Cee`d GT!

Pro_Cee`d GT под поклопецот ќе го има 1.6 литарскиот турбо GDI мотор и ќе биде поврзан со шест-степен мануелен менувач кој ќе ја пренесува силата на предните тркала. Овој мотор е развиен од KIA и Huyndai, а нам ни е познат од Veloster Turbo.

Сеуште нема официјални податоци околу моќноста на овој мотор, но со оглед на фактот што истиот мотор кај Veloster испорачува 183 КС и 265 Nm вртежен момент, можеме да очекуваме дека во Pro_Cee`d GT истиот мотор би ги нудел намјалку истите перформанси, но се шпекулира за 200 или повеќе КС.

Овој спортист на KIA би можеле да го очекуваме во втората половина на идната година, додека пак неговото претставување може да биде и на саемот во Женева во Март.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.