Новиот Suzuki Ignis е мал, практичен и електричен! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Suzuki Ignis е мал, практичен и електричен!

Третата генерација на моделот за првпат преминува целосно на електричен погон и е развиен врз основа на компактниот модел e-Sky кој е наменет за јапонскиот пазар. 

Новиот Ignis е за нијанса поголем од e-Sky, со должина од 3570 мм, 1565 мм широчина и 1635 мм висина. Единствената бројка што ја дели со неговиот јапонски роднина е меѓуоскиното растојание од 2460 милиметри. Овие димензии го прават најмалиот Ignis досега, со минимален радиус на вртење од 4,5 метри што ја нагласува неговата урбана агилност.

Дизајнот ја следи линијата на e Sky и концептот Vision e-Sky, со затворена предна маска, светлосни потписи со дневни светла, црни заштитни облоги на крилата, праговите и задниот браник и асиметрично поставена антена на кровот.

Погонскиот систем се состои од предно поставен електричен мотор со моќност од 91 коњска сила и вртежен момент од 133 Nm, напојуван од компактната литиум-железо-фосфатна батерија со капацитет од 26 kWh.

Suzuki сè уште нема објавено официјален податок за автономијата на европскиот пазар, додека јапонскиот e Sky со слична архитектура има досег од 310 километри по WLTP стандардот.

Внатрешноста е проектирана со едноставен и практичен распоред, вклучувајќи систем за следење на вниманието возачот, мала дигитална табла, централен екран за инфозабава, греење на предните седишта и два USB-C приклучоци.

Почетокот на продажбата на европскиот пазар е најавен за летото 2027 година, додека цените сè уште не се објавени.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!