Renault отвора нови 2000 работни места, додека крати стари 1000?! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault отвора нови 2000 работни места, додека крати стари 1000?!

Новиот план за реорганизација на своите капацитети во Франција до 2028 година предвидува отворање на нови работни места во секторот за производство и електрични возила и истовремено укинувајќи административни и канцелариски позиции.

Планот, кој беше претставен пред синдикатите под името „France Industrie FutuREady“, има за цел да го зголеми производниот капацитет за нови електрични модели. Од вкупниот број нови работни места, 1650 се наменети за оператори и производствени работници во фабриките, 250 за поддршка во индиректните функции, а 100 се резервирани за млади дипломирани кадри.

Од друга страна, кратењето на 1000 работни места ќе се реализира преку програма за доброволни заминувања и ќе ги опфати административните и индиректните сектори, додека производствените линии и клучните стратешки инженерски позиции во областите како што се развојот на батерии, софтверот, електрониката и електричните погони остануваат заштитени.

Tрансформацијtaа доаѓа како одговор на зголемената конкуренција од кинеските производители на европскиот пазар и потребата за прилагодување на производствените капацитети кон забрзаната електрификацијa.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!