Новата верзија е направена од страна на студиото Centro Stile и влече инспирација од претходните специјални изведби на брендот, како што се Huracán EVO Fluo Capsule и Urus SE Tettonero Capsule.
Името главно се однесува на црниот покрив и црната хауба (Tettonero – црн покрив), кои се изведени во сјајна нијанса Nero Noctis.
Црната боја се комбинира со избор од пет светли бои за останатиот дел од каросеријата: жолта Giallo Inti, портокалова Arancio Xanto, сина Blu Cepheus, зелена Verde Scandal и виолетова Viola Pasifae. Дополнително, во сјајно црна боја се обоени браниците, куќиштата на ретровизорите, тркалата, предниот сплитер и задниот дифузер.
Автомобилот го задржува истиот моќен plug-in хибриден систем кој се состои од 4-литарскиот V8 и трите електрични мотори, кои испорачуваат вкупна моќност од 920 коњски сили.
Внатрешноста е уредена во црна кожа Nero Ade со посебно сошиени шетоаголни детали во контрастни бои, со специјални амблеми на потпирачите за глава, соодветни натписи на панелите на вратите и нумерирана карбонска плоча на страната на возачот.










