Suzuki e-Sky е минијатурен и ефикасен и пристигнува во Европа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Suzuki e-Sky е минијатурен и ефикасен и пристигнува во Европа!

Сериската верзија останува верна на концептот Vision e-Sky кој беше прикажан на саемот за мобилност во Јапонија.

Моделот целосно ги почитува строгите стандарди за kei класата со должина од 3395 мм, ширина од 1475 мм и висина од 1625 мм.

За погонот е задолжена батерија со литиум-железо-фосфатна хемија и капацитет од само 26 kWh. Иако делува мала, инженерите на Suzuki се фокусираа на нејзината оптимизација со цел да се добие максимален досег до дури 310 километри!

Suzuki e-Sky поддржува еднонасочно брзо полнење со моќност до 50 kW со чија помош батеријата се полни за околу 25 минути.

Автомобилот исто така e опремен со топлинска пумпа, систем за возење со една педала, како и двонасочно полнење за напојување на надворешни уреди.

Suzuki се уште ги нема објавено конечните спецификации за електричниот мотор, но бидејќи ги знаеме регулативите за kei класата, максималната моќност на погонската единица би требало да биде ограничена на 64 коњски сили.

Продажбата на Suzuki  e-Sky во Јапонија официјално започнува оваа есен додека пристигнувањето во Европа е најавено за 2027 година.

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!