ПРЕМИЕРА: Valen е најмоќниот Aston Martin! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Valen е најмоќниот Aston Martin!

Производството на специјалниот модел ќе биде строго ограничено на само 150 примероци за целиот свет.

Автомобилот е дизајниран како посурова, погласна и понапредна верзија на моделот Vanquish.

Под предниот поклопец се наоѓа 5.2-литарски твин-турбо V12 мотор кој испорачува моќност од 850 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент.

Сето тоа му овозможува на Valan да забрзуа од 0 до 100 км/ч за околу 3 секунди и достигнува максимална брзина од 344 км/ч.

Со екстензивна употреба на карбонски влакна, алуминиум, титаниум и магнезиум, инженерите успеале да заштедат до 110 килограми во споредба со стандардната V12 платформа на брендот.

Valen е за 50% погласен од Vanquish. Неговиот титаниумски издувен систем има четири цевки — две поставени стандардно, а две поставени повисоко во каросеријата кои делуваат како оргули за подлабок звук при високи вртежи.

Традиционалното задно стакло е целосно отстрането а на негово место има карбонски панел со вградена камера што го пренесува погледот на дисплеј во кабината.

Првите испораки на овој ексклузивен модел се планирани за вториот квартал од 2027 година, со почетна цена од околу 2 милиони долари.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!