Porsche Клуб Македонија во соработка со АМСМ и МВР организира настан за безбедно групно возење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Клуб Македонија во соработка со АМСМ и МВР организира настан за безбедно групно возење

Официјалниот Porsche Клуб Македонија, заедно во соработка со АМСМ и Министерството за Внатрешни Работи одржаа едукативен настан кој директно придонесува кон поставување на нови стандарди за безбедност и култура во организирани автомобилски настани и возење во група.

Drive Smart, Drive Safe е водечкиот слоган позади едукативниот настан преку кој Порше Клуб Македонија, во соработка со АМСМ и Министерството за Внатрешни Работи директно придонесува кон зголемување на јавната безбедност. Drive Smart, Drive Safe е посветен на безбедно управување на спортски автомобили при групно возење, како и правила за организирање на групни автомобилски настани. Ваквиот настан добива и зголемена важност, токму поради учеството на АМСМ (како единствена мобилити членка на FIA од Македонија), но и Министерството за Внатрешни Работи.

Од Порше Клуб Македонија гордо кажуваат дека настанот претставува значаен чекор кон подигнување на стандардите за организација и реализација на автомобилски настани во земјата, особено во ситуации каде повеќе возила учествуваат во организирано движење низ градски услови, но и услови на возење на автопат.

За време на обуката, учесниците имаа можносст да се запознаат со неколку различни сегменти од ваквото возење. Покрај основните и напредни правила за движење во колона, се зборуваше и за комуникација и координација меѓу возачите, безбедносни протоколи при групно и парадно возење, а добивме и директни препораки од институциите и експертите за намалување на ризикот во сообраќајот.

Ваквите обуки и настани се особено интересни, а преку покажаната иницијатива, Порше Клуб Македонија ја потврдува посветеноста не само кон автомобилската култура и заедницата, туку и кон одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Drive Smart, Drive Safe е дел од годишната програма на клубот и претставува еден од клучните настани во насока на професионализација и унапредување на клубските активности. CARclub со задоволство ги поддржува ваквите иницијативи и секогаш ќе излегуваме во пресрет на активности и едукативни програми кои директно придонесуваат кон зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Поврзано:  Ексклузивна македонска претпремиера на новиот Porsche Cayenne Electric


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.