Започна со работа новиот салон на Dongfeng во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна со работа новиот салон на Dongfeng во Скопје!

ABC Brother деновиве го отвори новиот, втор салон за брендот Dongfeng.

Покрај постоечкиот салон во скопската населба Визбегово кој и понатаму е во функција, компанијата ABC Brother деновиве го отвори и новиот салон за брендот Dongfeng.

Од ABC Brother кажуваат дека ова е pop-up салон, но ние кажуваме дека е и многу повеќе од тоа – на едно место можат да се видат неколку од моделите на брендот, но и да се направи тест-возење и да се добијат сите информации за различните модели во понудата. Плус, ова е одличен доказ за интересот кој го имаат нашите купувачи за автомобилите во портфолиото на ABC Brother.

Новиот салон е на улица Кочо Битољану 2в, односно во рамките на објектот на Simax Шпедиција (клик за Google Maps). Или за поленсо разбирање – на улицата позади Алкалоид, каде се наоѓаат и Пивара Скопје и АД Европа.

Во моментов таму можете да ги погледнете Dongfeng Mage, Huge и електричниот Box, а и останатите модели се во постојана ротација. Прават и одлично кафе, а и една од фотографиите на ѕидот зад Mage е многу, многу, многу добра! ;)

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.