Новиот SAIC Z7 воопшто не изгледа како Porsche Taycan. Ич. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот SAIC Z7 воопшто не изгледа како Porsche Taycan. Ич.

Некои од кинеските производители на автомобили имаа репутација дека копираат дизајни од западните брендови. Тоа воопшто не е случај со SAIC и новиот Z7.

Новиот SAIC Z7 е производ на директната соработка меѓу SAIC и технолошкиот гигант Huawei. А со оглед на дизајнот, би рекле дека и Porsche учествувале во развојот на Z7 – сакале тие или не.

Z7 се лансира во две верзии – едната е седанска, другата ја носи ознаката Z7T и е во форма на караван. Секоја сличност со Porsche Taycan и Taycan Sport Turismo е сосем случајна.

Сега за сега немаме никакви технички спецификации за Z7 или Z7T. SAIC најави дека сите детали ќе бидат објавени до крај на Март, но веќе се знае дека кинескиот гигант цели кон некоја почетна цена од околу 43.000 Евра (во Кина). Океј, барем цената не ја ископирале. ;)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.