Geely слави 2 години во Македонија со роденденски попусти до 5000 Евра! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Geely слави 2 години во Македонија со роденденски попусти до 5000 Евра!

Две години раст, доверба и илјадници извозени километри на македонските патишта. Автомобилскиот бренд Geely одбележува две успешни години присуство на нашиот пазар како модерен и технолошки напреден автомобилски бренд.

По повод јубилејот, Geely подготви специјална роденденска понуда со попуст до 5.000 евра, достапна за ограничен број возила, до завршување на залихите.

Во понудата се вклучени сите модели на Geely, кои се одликуваат со врвна технологија, напредни системи за безбедност, моќни и ефикасни перформанси, како и впечатлив премиум дизајн. Geely во изминатите две години успеа да изгради заедница на задоволни сопственици кои ја препознаа вредноста на современата мобилност и иновативните решенија што ги нуди брендот.

Роденденската кампања претставува можност за сите заинтересирани купувачи да станат дел од семејството на Geely по особено поволни услови. Инаку, ние веќе добро ги познаваме сите модели на Geely – почнувајќи од новиот Cityray, преку големиот Starray па сè до електричниот EX5.

Салонот на Geely се наоѓа на Градски Стадион – Северна трибина, каде посетителите можат да ги разгледаат моделите одблиску, но и да го тестираат моделот за кој се заинтересирани. Закажете тест-возење на телефонот 076 339 014.

Сега е вистинскиот момент да го изберете вашиот омилен Geely модел и да ја искористите оваа роденденска промоција.

Извор: PR Geely



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.