Polestar го проширува својот систем за полнење низ Европа со поддршка за мрежите Plug & Charge и Tesla Supercharger.
Се работи за 28000 Plug & Charge станици кои дозволуваат автоматска автентикација и плаќање без картички или апликации. Plug & Charge директно комуницира помеѓу возилото и полначот, елиминирајќи рачни чекори за плаќање што често го забавуваат процесот.
Компанијата исто така целосно ги интегрираше Tesla Supercharger станиците во нивната апликација, давајќи пристап до над 20000 полначи на повеќе од 1500 локации низ Европа. Оваа интеграција овозможува оптимално планирање на рутите со видлива достапност на полначите директно во автомобилот.
Pаководителот на управување на софтверот во Polestar – Olivier Loedel, истакна дека овие подобрувања го прават нивниот систем еден од најдобрите во Европа, и дека со нивната интеграција корисниците добиваат премиум Google Maps искуство.





