BMW ги сними звуците од своите легендарни мотори и ќе ги користи во новиот електричен M3
На видеото ќе видите три M автомобили со мотори од различен број цилиндри: M3 GTS (E92) со 4.4-литарски V8, M6 E64 со легендарниот 5-литарски V10, и M4 GTS со твин-турбо 3-литарскиот V6.
Оваа функција сигурно ќе предизвика поделени мислења. Некои ќе ја сметаат за глупост, додека други ќе ја видат како подобрување на возачкото искуство.
Видеото исто така ги прикажува компонентите на прототипот M3 ZA0. Предната и задната осовина имаат по еден електромотор по тркало, но постои опцијата да се исклучат предните мотори по желба на возачот.
Батеријата е специјално развиена за оваа платформа и има над 100 kWh корисна енергија. Таа ќе се монтира на предната осовина и ќе служи како структурна компонента за поголема цврстина.





