Маратонецот Дарио Ивановски и T5 EVO одат на Олимписките Игри во Лос Анџелес! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Маратонецот Дарио Ивановски и T5 EVO одат на Олимписките Игри во Лос Анџелес!

Abc Brother и Dongfeng Македонија официјално ја започнаа соработката со маратонец Дарио Ивановски, кој важи за еден од најуспешните и најперспективни атлетичари во нашата држава.

Секогаш се радуваме кога македонска компанија од автомобилската индустрија застанува во поддршка на македонскиот спорт и македонските спортисти. Во таа насока, со задоволство објавуваме дека Abc Brother, увозникот за автомобилите на Forthing застана зад маратонецот Дарио Ивановски и неговите подготовки за Олимписките Игри во Лос Анџелес во 2028. Токму во знак на поддршка, Abc Brother му достави нов Forthing T5 EVO – возило кое според нив е дизајнирано за шампиони.

Од Abc Brother гордо кажуваат дека оваа соработка е заедничка визија за упорност, дисциплина и врвни резултати. Дарио Ивановски веќе активно се подготвува за Олимписките Игри во Лос Анџелес и ја носи истата енергија, сила и посветеност кои ги дефинираат перформансите на Т5 EVO – моќ, сигурност и непоколеблива динамика.

„Нашата поддршка за Дарио е поддршка за македонскиот спорт и за сите млади кои ги следат соништата со истата упорност“ – изјавија од Dongfeng Македонија, и додадоа – „T5 EVO ќе биде негов приодружник на секој пат и ќе му овозможио безбедност, удобност и динамика кои се неопходни за спортист од врвната класа.“

Дарио се заблагодари за поддршката и нагласи дека T5 EVO е идеален за неговите секојдневни обврски, тренинзи и патувања. Дизајнот, технологијата и перформансите на моделот ја одразуваат истата енергија што тој ја вложува на секоја своја трка.

Од Abc Brother додаваат дека оваа соработка е силен чекор напред во промоцијата на македонските спортски таленти, но и во презентирањето на брендот Dongfeng пред македонската публика. Со заедничка цел и победничка енергија, Дарио и Т5 EVO тргнуваат заеднички кон Лос Анџелес – онаму каде шампионите го заслужуваат своето место. Двајца шампиони – едниот на патеката, другиот на патот.

Секако, ние веќе добро го познаваме освежениот T5 Evo – ѕирнете го нашиот тест на кинескиот SUV.

Извор: Dongfeng Македонија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.