Mercedes останува без долгогодишниот шеф на дизајн Gordon Wagener – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes останува без долгогодишниот шеф на дизајн Gordon Wagener

Wagener ќе се повлече во јануари а на неговото место доаѓа Bastian Baudy, досегашниот шеф на дизајн на AMG.​

Според изјавата на извршниот директор Ola Källenius, тој со својата визионерска филозофија за дизајн го има обликувано идентитетот на брендот и има донесено огромен естетски придонес.​

Во 2008 година Gordon стана потпретседател за дизајн и ја претстави новата филозофија „сензуална чистота“, која се базираше на чисти површини, скулптурални форми и помалку визуелни детали.​ Како врв на таа линија на дизајн се истакнува спортскиот AMG GT (дело на нашиот другар Славче Таневски), а заслужен е и за низа концепт‑возила, вклучувајќи ја и арт‑деко студијата Vision Iconic. На чело на дизајнот доаѓа во 2016 година како единствен шеф во историјата на Mercedes без инженерска позадина.

Неговиот мандат не помина без контроверзии: електричните модели EQ (особено EQS) беа остро критикувани, а продажбите заостануваа зад очекувањата. Toj тврдеше дека дизајнот бил пред своето време и подоцна најави повеќе рафиниран, „хипер‑аналоген“ пристап.

Неговиот наследник Bastian Baudy – досегашен шеф на дизајн на AMG и автор на неколку клучни концепти и модели – ќе продолжи да ја води следната фаза во развојот на дизајнот на германскиот луксузен бренд.​



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!