Премиера: Renault го претстави целосно електричниот Trafic E-Tech Electric – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Renault го претстави целосно електричниот Trafic E-Tech Electric

Новото електричното комбе на францускиот производител беше покажано на овогодишниот Solutrans саем.

Моделот има несекојдневна и модерна предница во која преовладува осветленото лого, тенките дневни светла и ниско поставените предни светла. Големите лизгачки врати се дoволно широки да примаат европалети а тридимензионалните задни светла го нагласуваат товарниот карактер.​

Trafic E-Tech ќе се нуди во две варијанти: L1 со должина 4.87 метри и 5.1 метри кубни товарен волумен  и L2 со зголемено меѓуоскино растојание и волумен до 5.8 m³. Двата модели имаат иста висина од 1.9 метри, со која ќе можат да влегуваат во подземните гаражи.​

Во кабината има три седишта и инструмент табла која е опремена со 10-инчен екран за возачот и 12-инчен openR evo инфозабавен систем со навигација.

Trafic E-Tech Electric користи рамна платформа со електромотор со 204 коњски сили и 345 Nm вртежен момент. На почеток ќе се нуди со батерија со досег до 450 километри (според WLTP), а подоцна ќе се приклучи и поевтината LFP батерија со досег до 350 км. Возилото располага со 800V архитектура, што овозможува полнење од 15% до 80% за околу 20 минути.

Производството е планирано да започне кон крајот на 2026 година во фабриката во Sandouville, со планирани дополнителни верзии како шасија-кабина, платформа и слични варијанти.​



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!