Европскиот рели шампион Miko Marczyk помина 2831 километри со еден резервоар во Skoda Superb и постави рекорд во.. Најниска потрошувачка на гориво?! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Европскиот рели шампион Miko Marczyk помина 2831 километри со еден резервоар во Skoda Superb и постави рекорд во.. Најниска потрошувачка на гориво?!

Шампионот Мико никогаш не брза на јавните патишта и има посебна љубов кон ефикасното возење.

Во четвртата генерација на Škoda Superb, тој измина 2,831 километар, возејќи од Полска до Дизниленд во Париз и назад, со просечна потрошувачка од само 2.61 литри на 100 километри. Тој користеше стандардeн Superb со пневматици со низок отпор при тркалање и спуштена суспензија за 15 милиметри. За споредба, официјалната комбинирана потрошувачка на гориво на моделот е 4.8 литри на 100 километри.

Неговите сoвети се прилично едноставни. „Притисокот во гумите е клучен – придржувај се до препорачаното ниво,“ потсетува тој, нагласувајќи го едното од основните правила за економично возење. Меко возење и предвидливост се исто така неопходни: „Гледај напред, предвидувај и обиди се да кочиш што помалку а забрзувај понежно и постепено“.

Тој додава уште еден важен совет: „Секогаш се обидувам да бидам максимално одморен кога возам. Се обидувам да спијам седум до осум часа на ноќ. Ова ми овозможува да бидам максимално фокусиран“.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!