ПРЕМИЕРА: Porsche Macan GTS е електричен SUV за оние кои уживаат во возењето – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche Macan GTS е електричен SUV за оние кои уживаат во возењето

Буквите GTS значат нешто посебно за фановите на Porsche – првиот модел кој ја носеше ознаката беше 904 Carrera GTS од 1963 и низ годините таа беше резервирана за вистинските познавачи на брендот и оние кои знаат да ги препознаат навистина најдобрите модели во понудата.

И токму тоа важи и за Macan GTS. Благодарение на моќниот електромотор поставен на задната оска кој испорачува 516 коњски сили, и дополнителниот електромотор на предната оска, Macan GTS располага со вкупно 571 коњска сила при Launch Control, како и максимални 995 Nm вртежен момент.

Според официјалните податоци, забрзува до 100 километри на час за само 3.8 секунди, до 200 за 13.3 секунди и достигнува максимални 250 километри на час. А да, и може да помине до 586 километри со полни батерии (според WLTP).

Macan GTS го добива предниот браник од Macan Turbo, но и тој е преработен со црни детали околу отворите за воздух. Дополнително добива и поостри странични прагови и засебен заден дифузер. Добива и 21-инчни тркала, а достапни се и 22-инчни Spyder RS тркала за оние кои се чувствуваатт особено храбри.

Инаку, Macan GTS стандардно доаѓа со рекалибрирана суспензија за уште подобра динамика од Macan 4S (кој ние го возевме), а добива и заден диференцијал со ограничено пролизгување и (по нарачка) добива и управување на задната оска.

Добива и Sport Chrono пакет, како и систем за насочување на вртежниот момент. Специјално се калибриран воздушната суспензија и стабилизаторите, што пак го доближува Macan GTS до подлогата. И повторно – сето тоа е во насока на уште подобра динамика и вистинско уживање зад управувачот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.