Неговото место ќе го заземе Michael Leiters, кој неодамна ја напушти функцијата во McLaren.
Blume ја играше двојната улога на директор на Porsche и групацијата Volkswagen, со резултати кои можеа да бидат подобри. Од први јануари 2026 година, тој сепак ќе остане како главен човек во VW.
Michael Leiters е познат како инженер кој и претходно работеше во Porsche, од 2000 до 2013 година кога учествуваше во создавањето на хибридната верзија на Cayenne.
Со неговото поставување на врвот се очекува враќање на фокусот на Porsche кон нивната основна идеологија – правењето на спортски и луксузни возила.
Porsche веќе ги ревидираше своите планови за електрификација со продолжување на животниот век на веќе постоечките модели.