Mercedes-Benz го претстави ретро-футуристичкиот концепт Vision Iconic – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz го претстави ретро-футуристичкиот концепт Vision Iconic

Vision Iconic e арт деко електрично купе кое ги спојува минатото и иднината на брендот.

Дизајнот со чисти линии и скулптурна естетика влече инспирација од златната ера на автомобилизмот од триесеттите години од минатиот век. Големиот осветлен хромиран преден дел е модерна реинтерпретација на легендарната маска на Mercedes и претставува симбол на префинетост, интелигенција и дигитална еволуција.​​

Во внатрешноста, централното место го зазема стаклената структура Zeppelin, која ја заменува класичната контролна табла. Зад неа е позициониран луксузениот аналоген мерач со знакот на Mercedes.​

Под каросеријата се наоѓаат иновативни соларни панели кои додаваат дополнителни 12.000 километри досег на годишно ниво. Возилото користи neuromorphic computing технологија со чија помош се зголемува ефикасноста на автономното возење и се намалува потрошувачката на енергија до 90%.​​ Возилото поддржува и автономно возење на ниво 4, што значи дека речиси целосно може самостојно да се движи.​​

Mercedes ја спојува оваа технолошка иновација со уметност преку Vision Iconic Capsule Collection модната линија која е инспирирана од формите и линиите на автомобилот. Дополнително, ќе биде објавена и книга ICONIC DESIGN, во која брендот ја објаснува својата идна филозофија.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!