Спортскиот кросовер повторно го добива моторот од Audi RS3 со 390 коњски сили во ограничена серија од само 4000 примероци.
Во надорешноста, Formentor VZ5 добива пошироки лакови на тркалата, нови предни и задни браници, четири кружни издуви и спортски седишта.
Времето на забрзување од 0 до 100 км/ч изнесува 4.2 секунди а максималната брзина изнесува 250 км/ч. Со тие бројки, VZ5 претставува еден од најбрзите автомобили во својата класа.
Системот за погон на сите тркала го користи и специјалниот “torque splitter” систем на Audi кој овозможува подобра распределба на вртежниот момент помеѓу тркалата, подобрувајќи ја тракцијата и стабилноста при возење.
VZ5 моделот за првпат ќе биде достапен и со волан на десната страна, односно ќе биде понуден и на пазари како Велика Британија и Австралија.











