ПРЕМИЕРА: Ова е Polestar 5! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ова е Polestar 5!

Петтиот модел на шведскиот бренд е луксузен и високо-перформансен електричен гранд турер.

Моделот доаѓа во две изведби: Dual Motor со 748 коњски сили и Performance со 884 коњски сили.

Автомобилот во варијаната со два мотори забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3,8 секунди, односно 3.2 секунди во Performance верзијата.

Polestar 5 користи нова 800-волтна архитектура која овозможува брзо полнење со моќност од 350 kW додека батеријата со капацитет од 112 kWh се полни од 10% до 80% за околу 22 минути.

Според WLTP циклусот, Dual Motor верзијата може да помине до 670 километри со едно полнење, а кај Performance изведбата досегот е очекувано помал и изнесува 565 км.

Автомобилот е целосно изработен од алуминиум за намалување на тежината додека во внатрешноста се користени рециклирани материјали и материјали од природно потекло.

Производството на Polestar 5 ќе биде во мала серија и ќе биде наменето стриктно за европскиот пазар.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!