Yangwang U9 постави нов брзински рекорд за електрични автомобили – на германската патека ATP, електричниот автомобил со 3000 коњски сили достигна неверојатни 472.41 километри на час!
Брендот Yangwang е дел од портфолиото на BYD, а кинескиот гигант има што да покаже. Yangwang U9 Track Edition е надградена верзија на веќе-ненормалниот Yangwang U9. И онаму каде „обичниот“ U9 има 1300 коњски сили, надградениот Track Edition има четири електромотори кои испорачуваат по 755 коњски сили, односно вкупно повеќе од 3000 коњски сили.
И резултат на сето тоа? Па забрзување од 300 до 400 километри на час како што повеќето автомобили забрзуваат од 0 до 100 километри на час и максимална брзина од 472.41 километри на час. Автомобилот најверојатно можеше и повеќе, но му „снема патека“.
Погледнете колку смирено изгледа сето тоа. И најверојатно тоа е и најимпресивниот момент – колку лесно и колку мирно стигна до скоро 500 километри на час.
И колку за споредба, Боинг 747 полетува со околу 300 километри на час.