Специјалната верзија „The Tulip“ беше резултат на соработката помеѓу Porsche Exclusive Manufaktur, Porsche Sonderwunsch и Manthey Racing.
Од надворешниот изглед се издвојуваат карбонската хауба и задните аеро-дискови, Manthey Racing логоата и 20-инчните магнезиумски тркала кои се обработени во сатенски црн финиш.
„The Tulip“ или по нашки кажано Лалето, е всушност најекстремната верзија од серијата 718 – Cayman GT4 RS. Автомобилот има 4-литарски мотор со 500 коњски сили, засилена шасија и дополнителни агресивни карбонски аеро компоненти.
Благодарение на овие подобрувања, автомобилот постави време од 7:03.121 минути на легендарната тркачка патека Nürburgring, што е 6.179 секунди побрзо од стандардниот Cayman GT4 RS.
Во внатрешноста, седиштата се изработени во комбинација од црна кожа и алакантра со многубројни портокалови акценти.
Единствениот „The Tulip“ беше изложен на Circuit Zandvoort за време на Dutch Grand Prix од 29 до 31 август. Не е откриено дали автомобилот ќе остане кај увозникот во Холандија или ќе го купи приватен клиент.















