Германскиот тјунер го замени фабричкиот 2-литарски хибриден мотор на AMG со битурбо V8 и му го даде името EVOlution X.
Дизајнот со широк бодикит, огромен заден спојлер и бандажите со шест краци потсеќаат на легендарниот Mercedes 190E Evo II од деведесетите години.
Предницата се издвојува со масивниот сплитер, додека од страна најзабележливи се екстремно проширените браници што драстично ја менуваат појавата на оригиналното возило. Задниот дел е опремен со огромниот спојлер, новиот дифузер и посебните Vuk ознаки.
Очигледно е дека Vuk Manufactur цели да ја привлече публиката која ги обожува добрите стари AMG возила со силен V8 звук, голема моќност и храбар изглед.
Планирано е да бидат изработени само 63 единици од V8-модификуваниот W206 C 63 S, но цените се уште не се јавно објавени.