Brabus 1000 e Mercedes-AMG GT на стероиди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus 1000 e Mercedes-AMG GT на стероиди!

Моделот доаѓа со неколку стилски и технички надградби на веќе моќното AMG купе.

Најголемата модификација е направена кај твин-турбо V8 моторот, кој порасна од 4 на 4,5 литри и доби две нови турбини со поголем притисок.

Комбинираната моќност на електромоторот на задната оска и моторот со внатрешно согорување изнесува 1000 коњски сили, бројка по која моделот го носи името.

Ова е истата комбинација на мотори што се користи и во четири-вратниот Brabus Rocket 1000, кој испорачува 1820 Nm вртежен момент. За да се заштити девет-брзинскиот автоматски менувач, максималниот вртежен момент тука е ограничен на “само” 1620 Nm.

Времето за забрзување од 0 до 100 км/ч за моделот 1000 изнесува 2,6 секунди, што е за околу 0,2 секунди побрзо од моделот на кој се базира, а неговата максимална брзина е електронски ограничена на 318 км/ч.

Brabus 1000 содржи и низа стилски унапредувања, од кои најголемиот дел се направени од карбонски влакна. Тука спаѓаат новите предни сплитери, спојлерите, додатоците на решетката и новите сетови од 21 и 22-инчни тркала.

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!