Главниот извршен директор Michael Lohscheller изјави дека Европа е попрофитабилна за компанијата отколку САД и Кина, и најави дека фокусот на продажбата ќе биде токму на овој регион.
Од преземањето на функцијата, Lohscheller воведе неколку стратегии за стабилизација, вклучувајќи агресивно намалување на трошоците и премин кон традиционален дилерски модел. Овие мерки особено се покажаа успешни во Европа, каде што во првиот квартал од 2025 година беа остварени 75% од вкупната продажба на компанијата.
Во првиот квартал, моделот Polestar 4 учествуваше со речиси половина од продадените возила, додека Polestar 3 сочинуваше 20% од 12.304 продадени возила во истиот период. Овој успех придонесе компанијата да ја намали својата нето-загуба на 190 милиони долари, наспроти 276 милиони долари минатата година. Дополнително, бруто маржата се зголеми на позитивни 6,8% во првиот квартал од 2025 година, за разлика од негативните 7,7% во истиот период претходната година.
И покрај напредокот во Европа, продажбите не се толку успешни во САД и Кина. Лансирањето на Polestar 4 во САД е одложено додека не започне производството во Јужна Кореја, а Polestar 5, кој се произведува во Кина, се соочува со силна конкуренција од домашните производители кои нудат поевтини модели со напредна технологија.