Хрватска ќе гради патека за Формула 1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хрватска ќе гради патека за Формула 1!

Министерството за Заштитна на Животната Околина на Хрватска одобри елаборат со кој ќе започне изградбата на Croatia Ring – патека која ќе биде изградена по најстрогите стандарди на FIA и потенцијално би можела да биде домаќин на F1 трка!

Патеката Croatia Ring би се наоѓала во Карловачката Жупанија во Хрватска, а Министерството за Заштита на Животната Средина и Зелена Транзиција одобри елаборат кој е директно поврзан со изградбата на оваа патека. Патеката би требало да биде направена по највисоките стандарди на FIA.

„Конечно имаме решение и многу сум задоволен од процедурата која беше многу комплексна, а со која се докажавме и одговоривме на сите барања на индустријата и министерствата. Сега продолжуваме понатаму, ова е голем проект кој ќе има огромни придобивки за Карловачката Жупанија и за целата Република Хрватска“ – изјави Davorin Štetner, кој го води, но истовремено е и партнер во проектот, во интервју за Forbes Hrvatska.

Според најавеното, целиот проект би се простирал на површина од околу 50 хектари, 40 од кои би биле за зоната на автодромот во кој се вклучени тркачката патека, боксовите, сервисните објекти и целата соодветна инфраструктура. Останатите 10 хектари се наменети за туристички и угостителски објекти. Секако, примарниот фокус е да се исполнат условите на FIA и да се обезбеди потенцијално Хрватско Гран При, но покрај тоа во комплексот би се правеле и тестирања на автомобили, професионални обуки за возење и комерцијални настани.

Фотографија: Jonathan Borba / Pexels



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.