Dongfeng воведува 10-годишна гаранција! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dongfeng воведува 10-годишна гаранција!

Кинескиот бренд Dongfeng поставува нов стандард за доверба и сигурност и ја продолжува гаранцијата на 10 години.

Dongfeng и досега нудеше одлична гаранција од 8 години за своите возила, но денес пристигна информација дека кинескиот бренд официјално го продолжува гаранцискиот период на своите возила од 8 на 10 години. Со тоа, Dongfeng поставува нов стандард за сигурност, квалитет и доверба.

Ваквата одлука е силна и уверлива потврда за квалитетот, технологијата и издржливоста на возилата на Dongfeng, бренд кој низ годините веќе го зацврсти своето присуство како во Европа, така и во Македонија. Плус, би додале дека ваквата одлука е силен аргумент во време кога купувачите бараат сè повеќе сигурност и долгорочна вредност – и токму 10-годишната гаранција ќе обезбеди предност и дополнителна безгрижност за сопствениците на Dongfeng.

Во Македонија, овластен импортер и дистрибутер на Dongfeng возилата е ABC Brother ДООЕЛ, компанија која веќе успешно го развива брендот на домашниот пазар преку современа продажна и сервисна поддршка, професионален пристап и постојана грижа за клиентите.

„Кога еден бренд верува во својот производ, стои зад него на долг рок. Продолжувањето на гаранцијата е доказ за нашата доверба во квалитетот, технологијата и сигурноста што ги нудиме на клиентите“ – велат од Dongfeng.

Брендот продолжува да инвестира во модерни технологии, електрификација, безбедност и комфор, нудејќи модели кои комбинираат современ дизајн, високо ниво на опременост и конкурентна цена. Со новата, 10-годишна гаранција, Dongfeng дополнително се позиционира како бренд кој нуди повеќе вредност, поголема сигурност и долгорочна поддршка за своите клиенти.

Новата 10-годишна гаранција е уште еден чекор кон градење долгорочна доверба и потврда дека иднината на автомобилската индустрија е насочена кон квалитет, иновации и грижа за клиентите.

Поврзано:  Започна со работа новиот салон на Dongfeng во Скопје!

Извор: PR Dongfeng

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.