Audi RS3 Competition Limited е ултра-скапа верзија на „обичниот“ RS3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi RS3 Competition Limited е ултра-скапа верзија на „обичниот“ RS3

За ултра-лимитираниот (и најверојатно последен модел на Audi со 5-цилиндерскиот турбо-бензинец) Competition Limited ќе треба да издвоите повеќе од 100.000 евра.

Со помош на моќниот 2.5-литарски TFSI кој испорачува 400 коњски сили, автомобилот забрзува од 0 до 100км/ч за 3.8 секунди и достигнува максимална брзина до 290 км/ч.

Однадвор, моделот доаѓа со нови карбонски елементи, меѓу кои се: предниот сплитер, дифузерот, страничните прагови и задниот спојлер.

Изборот на боите е сведен само на три: црната металик Mythos Black, сивата Kemora Gray и белата Cloud White, а тука се и новите 19-инчни RS тркала.

Како и надворешноста, така и внатрешноста е богата со карбонски детали. Спортскиот волан е обложен со алакантра, додека седењето е на RS спортските седишта.

Ова не е прво лимитирано издание на RS 3 – претходно, во 2022 година на пазарот се појави Carbon Edition.

Нарачките за најновиот Competition Limited  се веќе отворени, а првите испораки се планирани од јуни годинава.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!